Започна нова концертна сезона за Браќата Тавитјан

За Браќата Тавитјан од синоќа почна новата концертна сезона.

Синоќа тие по четврти пат учествуваа на тапанарскиот фестивал во Србија „ Друм Дум Фест“ во Лесковац заедно со Горан Гешовски на бас и европскиот џез виртуоз Кирил Кузманов на саксофон.

Летната турнеја понатака ќе ги опфати и Кикинда Џез фест, Петровац Џез фест, Шабац Џез фест и Белград. Специјална најава и за големиот концерт со филхармонија во Загреб во најголемата концертна сала „Лисински” и како и концерт со филхармонија во Љубљана, но за тоа, потоа.