Жељко Јокисмовиќ го објави видеоспотот за „Дама“

Поп-пејачот Жељко Јоксимовиќ неодамна го претстави спотот за песната „Дама“, кој е своевидно продолжение на приказната од спотот за „Није исто“.

Песната пред објавување на видеоспотот беше најслушаната од неговиот нов албум, па нема сомнеж дека ова остварување ќе ги израдува неговите обожаватели. Оваа песна е дело на Леонтина и, како што вели Јоксимовиќ, нејзината демо верзија на клавир звучела убаво и едноставно.