Жељко Бебек одбележува 40 години кариера

Со синоќешниот спектакуларен концерт во Дубровник, Жељко Бебек на публиката и го претстави својот нов музички проект со кој одбележува 40-годишнина од својата кариера.

Концертот беше одржан на сцената на островот Локрум, во близина на Дубровник, во придружба на околу 60 музичари од редовите на реномираниот Дубровнички симфониски оркестар, а покрај Бебек, истовремено музицираа и тамбурашкиот ансамбл од Вараждин и бендот на Жељко. Во прекрасна атмосфера, Бебек ја забавуваше публиката повеќе од два часа изведувајќи ги своите најголеми хитови како: "Ima neka tajna veza", "Svi mars na ples", "Dozivjeti stotu" итн.

Овој музички проект, Бебек го подготвуваше неколку години, а одбележувањето на четири децении кариера ќе кулминира со турнејата во ноември при што хрватскиот рокер ќе одржи концерт во Загреб, Белград и Сараево.