Енрике Иглесијас уапсен во Мајами

Енрике Иглесијас бил уапсен во округот Мајами-Дејд бидејќи дивеел по автопат, а тогаш се обидел да се извлече на невидено глупав начин.

Пејачот со голема брзина го возел авојот автомобил на затворена експресна трака. Кога патролата го „снимила“, тргнала по него и му дала сигнал да застане. Пејачот застанал, набрзина го отстранил појасот и прескокнал на задното седиште, а неговиот совозач на местото за возач.

Полицајците со неверување гледале во ова „преместување“ и го уапсиле и Енрике и неговиот совозач, чие име не е соопштено. Било утврдено дека пејачот нема ниту возачка дозвола. Иглесијас е пуштен да се брани од слобода и закажано му е да се појави пред судија за прекршоци на 10 јули.