Елена Ристеска настапи на ревијалната вечер на „Сунчане скале“

Елена Ристеска со нејзиниот последен сингл „Доживотно“ настапи на ревијалната вечер на 21-то издание на музичкиот фестивал „Сунчане скале“ во Херцег Нови.

На сцената на Канли кула во Херцег Нови, во вечерта насловена „Песна на летото“, покрај Елена настапија најголемите музички ѕвезди од регионот: Кики Лесендриќ - Пилоти, Данијела Мартиновиќ, Тончи Хуљиќ, Јелена Томашевиќ, Марија Шерифовиќ и Адил, Петар Грашо, „Тропико бенд“, Емина Јаховиќ, „Магазин“ , Саша Ковачевиќ, Бојана Стаменов, Никола Роквиќ, Анабела, Сања Кнез, „Дивље јагоде“..

Ристеска на сцената се појави во смарагдно зелена комбинација и со својот изглед и емотивна изведна на баладата „Доживотно“ за која има најави да стане голем летен хит, ја освои црногорската публика.

Оваа година фестивалот беше со ревијален карактер , а на првата фестивалска вечер „Нови ѕвезди“ победи гостинката од Израел , Карен Сориеф.