Ексклузивно на Радио Бубамара: Давид Темелков утре наш гостин со новата песна

Младиот македонски пејач Давид Темелков утре точно напладне ќе биде гостин на Радио Бубамара и ексклузивно за нашите слушатели ќе го промовира својот нов сингл "Дишам за нас".

Самиот тој е автор на текстот и музиката, но бидејќи оригиналот е на хрватски јазик, препев направи Огнен Неделковски. Тоа е негова трета песна по "Беше се" и "Искрено" кои наидоа на одличен прием кај публиката.

Темелков е ексклузивец на хрватската продукциска куќа "Хит Рекордс" со која Радио Бубамара има соработка.