Дуото Chill Play го промовираа спотот за песната „I’m in love” .

Музиката и текстот се на Златан Миливојевиќ, гитаристот на многу познати поранешни македонски групи меѓу кои и „Хаос ин Лаос“, аранжманот е на уште еден проверен музички мајстор – Валентино Скендеровски во чие „Enterprice“ студио и е снимена нумерата, а зад реализацијата и режијата на видеото стои Владимир Петровски – Картер од KARTER FILM Production.

Како кавер бенд „Чил Плеј“ се активни веќе 2 години со многубројни настапи во пабови, кафулиња и локали и со неколку настапи на поедини фестивали низ државата.

Овoј бенд моментално работи на авторски песни кои наскоро ќе бидат издадени на нивниот деби албум. Репертоарот на овој млад бенд е составен од стари и нови хитови од различни жанрови како хип хоп, драм ен бејс, даб степ, кои се преработени во нивна поп – рок верзија.