Дубиоза колектив излезе со нова песна

Дубиоза колектив ја објави првата песна од албумот кој треба да излезе при крајот на годината. Заедно со неа, групата го објави и спотот. Песната го носи насловот „Химна генерације“.

„Откако со години неосновано не обвинуваат дека го претставуваме легитимниот глас на изгубената генерација, одлучивме конечно да ја злоупотребиме таа квалификација и да направиме пригодна музичка нумера на таа тема. На овие простори е омилена спортската дисциплина секирација на долги стази, доведена до совршенство во овој регион кој го направи светски шампион во супертешка категорија на секирање. Се секираме неселективно, без престан и кога се секираме, не дискриминираме теми по важност и влијание на сопствените животи. Не секира сè, од можноста за термонуклеарна војна на корејскиот полуостров, до изборот на Трамп за претседател и изборот на натпревар за најголем пејачки талент на месна заедница во Забрѓе. Ако некои помалку важни човечки опсесии како љубовта кон жените или алкохолот се опевани во безброј песни, тогаш и љубовта кон секирацијата заслужува макар една“, порачуваат од Дубиоза.