Даниел Кајмакоски ја препеа на македонски „Само за љубав“

По победата на Даниел Кајмакоски во ТВ шоуто „Твоето лице звучи познато“, ја  објавува “Само за Љубов”, македонска верзија на “Само за љубав”, која беше промовирана на крајот на март годинава. 

„По завршување на сите обврски со тв проектот Твоето Лице Звучи Познато време е за музика. Ужиајте во Само за Љубов, додека подготвуваме нешто ново !” – вели Даниел.

Превод и адаптацијата на текстот ја направи Огнен Неделковски, додека музиката и текстот ги потпишува Александра Милутиновиќ, во аранжман на Дарко Димитров.