Даниел Кајмакоски е овогодишниот добитник на престижната награда MTV Best Adria Act!

Даниел Кајмакоски е овогодишниот добитник на престижната награда MTV Best Adria Act! Најдобриот регионален изведувач, според мислењето на публиката, освои најмногу гласови во изминативе четири седмици. Со ова признание Даниел ја продолжува трката за освојување на уште една награда - “MTV Best Europe Act”. Гласањето за оваа категорија започнува денеска на сајтот www.mtvema.com и ќе трае до сабота, 24 октомври на полноќ, а победникот ќе биде прогласен ден подоцна на доделувањето на MTV европските музички награди во Милано.

Водители ќе бидат Ed Sheeran и манекенката Ruby Rose, а ќе настапат Pharrell Williams, Ed Sheeran & Rudimental, Ellie Goulding, Macklemore & Ryan Lewis, Fifth Harmony, Jason Derulo, Tori Kelly, James Bay, Jess Glynne. По бројот води Taylor Swift со девет номинации, потоа Justin Bieber со шест а следат Ed Sheeran, One Direction и Mark Ronson.

Доделувањето на MTV европските музички награди ќе се пренесува во живо од Медиоланум Форум во Милано, во недела на 25 октомври во 21 часот.