Го прошетаа цел свет, па дојдоа во Радио Бубамара

По четири години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во саботата се вратија во Скопје, а денеска беа специјални гости во програмата на Радио Бубамара.

Ивана беше многу расположена за разговор, па на нашите слушатели им ги раскажа авантурите од целиот свет. За четири години, таа и Мануел поминале низ 55 држави на сите континенти, но не планираат да застанат тука. Во Скопје остануваат две недели, а потоа продолжуваат во Шпанија од каде почна целата авантура.