Горан Папаз и Нина Јанева со заеднички сили ја изведоа „Never Fall In Love“.

Песната е направена во стилот на електронската денс музика, а истата ја компонираа самиот Горан Папаз и Александар Масевски, кој се погрижил и за текстот, аранжманот и продукцијата на песната.

Папаз, Нина и Масе велат дека се презадоволни од резултатот на заедничкиот труд и не ја исклучуваат можноста нивната соработка да ја опробаат и на некој следен проект.

Темата „Never Fall In Love“ наскоро ќе добие и свое видео, а дотогаш, слушнете како звучи истата во продолжение.