Горан Папаз и Кали во прекрасен дует

Македонскиот саксофонист Горан Папаз го претставува својот најнов сингл насловен „Ти си насекаде” кој водедно е уште еден од циклусот соработки што ќе се најдат на неговиот албум.

Овој пат негова гостинка е талентираната Кали која со карактеристичниот начин на изведба и сензибилитетот на својот вокал, одлично ја долови замислената сентиментална и љубовна емоција која провејува низ песната.

Летото влегува на голема врата, а атмосферата на оваа песна во целост е одблесок на опуштената летна шема.

Комплетен автор и продуцент на „Ти си насекаде“ е Александар Масевски. Гитарите ги отсвира Иле Спасев., а оваа музичка тема наскоро ќе добие и свој видео запис.