Голем интерес за Охрид Фест

22-то издание на интернационалниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури ќе се одржи од 23 до 26 август, на новата сцена во Долни Сарај.

И годинава владее голем интерес за фестивалот ширум Балканот, но и надвор од неговите граници. Најавено е учеството на позната пејачка од Шпанија, како и на победникот на грчката верзија на Идол, како и многу други изненадувања. Како и лани, фестивалот ќе биде пренесуван на десет балкански телевизии.