Годинашното издание на Скопскиот џез фестивал почнува на 13 октомври

Годинашниот, 35-ти по ред Скопски џез фестивал ќе се одржи од 13. до 16. октомври во добро познатиот формат на главна и полноќна програма. И годинава, во духот на традицијата, Скопскиот џез фестивал ќе претстави низа реномирани уметници кои доаѓаат од САД, а ќе понуди и средби и свежи инспирации со претставниците на европскиот и латиноамериканскиот џез. 

Фестивалот на 13 октомври ќе го отвори еден од најиновативните импровизатори на француската џез-сцена, пијанистот Бојан З. Истата вечер ќе настапи светскиот виртуоз на гитарата, Џулијан Лаж со своето трио. Втората фестивалска вечер е резервирана за бразилскиот гитарист и кантавтор Винисиус Кантуарија кој во Скопје ќе го претстави својот најнов проект „Винициус Цантуариа цанта Антонио Царлос Јобим“ посветен на големиот бразилски музичар. Истата вечер публиката ќе го чуе полското трио на пијанистот Марцин Василевски со гостинот саксофонист Јоаким Милдер. Третата фестивалска вечер ќе претстави два врвни авангардни џез состави - американскиот квартет Маде то Бреак и моќното скандинавско трио Тхе Тхинг. Годинашното патување во светот на џез музиката ќе финишира во недела, 16 октомври со концертите на американското трио Пулверизе тхе Соунд и на експлозивниот состав Суперсониц предводен од францускиот саксофонист Томас де Пуркери. Полноќната програма на фестивалот на 14-ти октомври ќе ја отвори принцезата на соул музиката, светски популарната пејачка Џос Стоун. Саботниот полноќен концерт, пак, е резервиран за македонскиот состав Гоце Стевковски септет кој за оваа прилика ќе настапи со гостинот Џијан Емин.