Во продажба влезниците за Off-Fest 2013

Пуштени се во продажба билетите за дванаесеттото по ред издание на OFF-Fest, што оваа година ќе се одржи од 1-6 јуни, во организација на Скопскиот џез фестивал. Цената на влезницата за концертот на популарната индиска ситаристка Анушка Шанкар и нејзиниот актуелен рага-фламенко проект “Traveller”, што ќе го отвори OFF-Fest на 1. јуни во Универзалната сала, изнесува 800 денари односно 1000 денари за место во некоја од ложите.

Билетот за настапите на турското Таксим Трио, како и проектот „Биоскопија“ на Елена Христова и Горан Трајкоски (2. јуни, МОБ) ќе се продава по цена од 500 денари. Уживањето во првото гостување на еден состав од Словенија на OFF-Fest, групата Брина (4 Јуни, Кино Фросина) ќе чини 200 денари.

За концертите на „колумбиските Buena Vista SocialClub” - експлозивните Ондатропика и на неверојатно моќната и хипнотичка мароканско-сенегалска комбинација Азиз Самауи и неговиот бенд University Of Gnawa (5. јуни, МОБ), посетителите ќе плаќаат 500 денари. И конечно, влезницата за фестивалската завршница на 6. јуни во МОБ - атрактивниот аудио-визуелен перформанс на финскиот виртуоз на хармониката Кимо Похјонен и концертот на фасцинантните јужнокореански инструменталисти Тори Ансамбл, чини 500 денари.

Комплетот билети за сите вечери се продава по цена од 1800 денари. Билетите за годинешниот OFF-Fest може да се набават во: Југотон Рекордс, Пола Југотон, МОБ, Универзална сала и на www.kupikartizase.com и www.karti.com.mk. Сите концертни вечери на OFF-Fest започнуваат во 20 часот, освен отворањето со Анушка Шанкар, што ќе започне во 20:30.

OFF-FEST 2013
>>>>>>1-6 јуни
1 јуни
ANOUSHKA SHANKAR “TRAVELLER”
Универзална сала | 20:30ч. | 800/1000 ден.

2 јуни
BIOSCOPIA • TAKSIM TRIO
Салон на МОБ | 20:00ч. | 500 ден.

4 јуни
BRINA
Кино Фросина | 20:00ч. | 200 ден.

5 јуни
AZIZ SAHMAOUI & UNIVERSITY OF GNAWA • ONDATRÓPICA
Салон на МОБ | 20:00ч. | 500 ден.

6 јуни
KIMMO POHJONEN • TORI ENSEMBLE
Салон на МОБ | 20:00ч. | 500 ден.

КОМПЛЕТ БИЛЕТИ ЗА СИТЕ ВЕЧЕРИ = 1800 ден.