Влатко Стефановски и словенечкиот воен оркестар со концерт за паметење во Скопје

Препознатливот звук на гитарата на Стефановски во комбинација со Биг бенд-оркестарот на словенечката војска, во „Метрополис арената“ создаде посебен концертен филинг.

Стефановски ги изведе познатите хитови од времето на „Леб и сол“ („Чувам ноќ од будних“, „Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, „Чукни во дрво“), но и неговата „Џипси сонг“ од филмот „Џипси меџик“, потоа „Успаванку за Радмилу М.“ од „Бијело дугме“, но и познати фанк, џез и соул-песни, како „Superstition“ на Стиви Вондер и други…

Диригентот на Биг-бенд оркестарот на словенечката војска, Рудолф Гас, ја отпеа „Учи ме мајко, карај ме“, како подарок за македонската публика.

Покрај познатите песни на Стефановски, тие изведоа и познати фанк, џез и соул-песни, како „Superstition“ на Стиви Вондер.