Владо Јаневски има ново видео и македонска верзија на старата песна – „Ајде води ме“

Владо Јаневски по долго време има ново видео, ама на стара песна. Се работи за песната  “Ајде води ме”, која всушност е македонска верзија на старата тема со ист наслов, отпеана во 2007 година во дует, заедно со Тијана Дапчевиќ, во времето кога „чаирскиот романтичар“  се обидуваше да направи музичка кариера во регионот.

Зад ова видео повторно стои Томато Продукција, кои направија уште една интересна приказна  каде главната улога  ја толкува преубавата Ана Коцева, која  е студент на медицинскиот факултет и  професионално не се занимава со манекенство, но со големо задоволство прифати да ја толкува главната улога во спотот за „Ајде води ме“

За разлика од оригиналната верзија, каде пејачот се појавува заедно со Тијана во спотот, овој пат Владо  не се појавува  во овој видеозапис, иако, како што велат од Томато продукција:

Будно  го следеше  снимањето, а секоја сцена  беше внимателно одбирана  во консултација со професионалниот тим од продукцијата“.

Снимањето траело 2 дена, а се одвивало на неколку локации во Скопје, како и во студиото на Томато, а видеото е снимено во 4К резолуција.