Вечерва Калиопи ќе ја промовира песната за Евросонг

Песната „Дона“ со која Калиопи ќе не претставува на Евровизија, премиерно ќе биде изведена денес, 7 март од 20:15 часот.

Претставувањето пред македонската јавност ќе биде во рамките на специјално шоу на Македонската радио телевизија. Автор на музиката и аранжманот е Роме Грил, со кого Калиопи соработуваше и на „Црно и бело“ со која исто така не претставуваше на Евровизија. Текстот е на Калиопи. Изборот за песна на Евровизија, ќе се одржи на 10, 12 и 14 мај во Стокхолм, а Калиопи ќе настапи на второто полуфинале.