Боби Мојсоски конечно со нов сингл и видео запис!!!

На фановите на охриѓанецот Боби Мојсоски конечно желбата им се оствари бидејќи темата насловена „Погледни во мене“ конечно ја доживеа својата премиера!

Автори на песната се Јован Василевски, кој се потпишува на музиката и аранжманот, а стиховите се дело на самиот Мојсоски. Видео записот е под режисерската палка на Даниел Јовески, а друштво му прави една од најубавите македонски модели – Иларија Кирилов.