Билетите за јубилејната „Златна бубамара на популарноста“ се распродадени за 3 минути

На закажаниот термин за онлајн продажба (на 10 февруари, во 12 часот) на билетите за јубилејното 20. издание на хумористично-сатиричното шоу „Златна бубамара на популарноста“ имало побарување за 7.000 билети, серверот издржал, а понудените билети биле продадени за 3 минути. Во завршна фаза се и подготовките за најпопуларната и најгледана манифестација, која на музички начин ја раскажува изминатата година, и дека се очекува фантастична забава.Мото на јубилејното издание на „Златна бубамара на популарноста“ е – „Што ќе биде, нека биде!“ и ќе се одржи на 20 февруари во „Метрополис арена“.