Билетите за Златна Бубамара продадени за само 45 минути

Драги пријатели, билетите за најголемиот музички спектакл, Златна буба мара на популарноста, кој годинава се одржува на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“, денес на пладне беа пуштени во продажба и распродадени за само - 45 минути.

Поради големиот интерес и повеќе од 9000 побарувања преку он-лајн сервисот www.mktickets.mk наредниве денови ќе ги известиме заинтересираните за подобар живот дали ќе биде обезбедeно уште едно количество билети преку он-лајн продажба.