Бајага го објави новиот сингл во соработка со Поинт Бланк

Српскиот кантавтор Момчило Бајагиќ-Бајага со белградските блузери Поинт Бланк и гитаристот на Ју група Драго Јелиќ го сними новиот сингл "Кад месец проспе реком сребра сјај".

Стиховите за песната ги напиша самиот Бајага, додека автор на музиката е фронтменот на Поинт Бланк, Драгољуб Црнчевиќ-Црнке. До соработката дошло на повик на Црнчевиќ, а песната треба да биде подарок за фановите за Нова година.

"Кад месец проспе реком сребра сјај" се појави и на албумот на Поинт Бланк каде, меѓу другите, гостин е и нашиот Влатко Стефановски.