Балканските ѕвезди утре ќе одбележат година од смртта на Кемал Монтено

Бројни хрватски и регионални ѕвезди утре со концертен спектакл ќе одбележат година од смртта на еден од најголемите балкански пејачи и кантавтори Кемал Монтено.

Концертот ќе се одржи во Загреб, во арената „Ватрослав Лисински“, а, меѓу другите, ќе настапат: Данијела Мартиновиќ, Габи Новак, Ивана Хусар, Марија Хусар, Макс Хоџиќ, Младен Бурнач, Тереза Кесовија, Жељко Бебек, Жељко Самарџиќ, Борис Новковиќ, Харис Џиновиќ итн. Со тоа, нај најдобар начин ќе ја присетат балканската музичка јавност на величината на Кемал Монтено.

Концертот го носи името „Илјада снегулки бели“, по еден од најголемите хитови на Монтено, а истиот ќе се почне во 20 часот.