Балашевиќ ги израдува фановите со нова песна

Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ овие денови престојуваше во студио, а вчера објави нова песна „Дно дна“.

„Собраниски леб без мотика…Дно на дното… Тоа спаѓа во наркотици… Од таа игла не се откачувате“, вели меѓу другото Балашевиќ во новата песна.

Во видеото кое неговата ќерка го сними и го постави на фејсбук Балашевиќ објасни дека новите песни ги направил за на репертоарот да не се само оние „веќе видени“.