Ај кју се победници на Скопски фестивал 2015

Групата Ај кју е победник на годинешното издание на Скопски фестивал, со нумерата „Убава“.

„Убава“ е композицијата што доби најмногу гласови од стручното жири и од гласањето по телефон. Освен првото место групата освои и парична награда од 600 илјади денари.

Второпласирана на Скопски фестивал е Симона Поповска, која ја изведе нумерата „Сеедно е“ и освои парична награда од 450 илјади денари. „Градина од цреши“ е нумерата на Сара Мејс што оваа година го освои третото место на фестивалот и секако освои парична награда од 300 илјади денари.

Организаторот на фестивалот МРТ, наградата за животно дело и придонес во создавањето и афирмирањето на Скопскиот фестивал, а со тоа и на македонската музичка историја, оваа година му ја додели на композиторот, интерпретаторот и музички продуцент, Славе Димитров.

Изведувачите настапија во придружба на ревискиот оркестар на Македонската радио-телевизија, а во ревијалниот дел на фестивалот настапија Елена Ристеска и Тамара Тодевска.