Амел Ќуриќ со нова песна и спот ексклузивно на Радио Бубамара

По соработката со Масимо Савиќ во песната "Неиздржливо" и вториот сингл "Таа зима", Амел Ќуриќ ја претставува својата нова, побрза песна која, како што вели самиот, совршено ќе се вклопи во неговите концертни планови.

Песната се вика "Го менувам овој град", а самата најава на новиот сингл предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи. Авторио на песната се Дамир Бечиќ и Борислав Домазет, а снимена е во студиото на Душан Алагиќ. За песната истовремено е снимен и видеоспот во режија на Суад Баручи.

"Спотот е снимен со филмска камера, а самото снимање траеше два дена. Имаше доста барања, но морам да признаам дека беше многу забавно. Овој спот е нешто посебно во мојата кариера токму затоа што првпат се појавувам и како извршен продуцент и монтажа", изјави Ќуриќ.

Неговата прва песна на Јутјуб забележа над 3,5 милиони прегледи, додека синглот "Таа зима" достигна и 4,5 милиони.