Александра Јанева по вторпат победник на Макфест

Младата струмичанка Александра Јанева по вторпат во кариерата е победник на фестивалот на забавна музика Макфест. Александра ја изведе композицијата „За сто години“ на Ристо Самарџиев и Владимир Дојчиновски, а со својата изведба ја освои и наградата за најдобра вокална интерпретација „Драган Каранфиловски-Бојс“.

Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второпласирана и доби 7.500 евра. Таа ја освои и наградата за најдобар сценски настап и доби 1.000 евра. Третопласирана е младата Антонија Гиговска, талентираната четиринаесетгодишна  девојка која настапуваше во „Пинкови ѕвездичи“, со песната „За нас“, која доби 5.000 евра. Гиговска ја освои и наградата за дебитант која од оваа година го носи името „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ во вредност од 1.000 евра.

За разлика од минатата година, кога имаше големи контроверзии околу гласањето, годинава се чини дека се помина во најдобар ред, па и директорот и гледачите се задоволни од пејачите и ревискиот оркестар на МТВ, кој ги придружуваше изведувачите.